Мицкоски: Таравари е големо разочарување

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека постапката за назначување нови министри во Владата треба да заврши следната недела.



За критиките кон Владата од страна на Арбен Таравари, тој рече дека првиот човек на Алијанса за Албанците, за жал. претставува големо разочарување.

„… Иако доволно зборувавме за Таравари, тој самиот покажа доволно за себе.

Сè што ќе кажам ќе биде излишно, за жал мислам дека тој самиот е големо разочарување“, рече премиерот Христијан Мицкоски.