Мицкоски со лоша вест за функционерите но добра за македонските развојни проекти

Премиерот Христијан Мицкоски денеска објави лоша вест за функционерите но добра за развојните проекти на Македонија.



Тој објави дека се замрзнуваат ионака високите плати на државните функционери.

,,Целосно свесен за времето во кое живееме и фактот дека се бориме со последиците од минатото, на денешната седница Владата донесе одлуки со кои:

✅️ Нема да растат платите на именуваните и избраните лица, судиите, членовите на судскиот совет, јавните обвинители и членовите на советот на јавните обвинители и истите преку интервенција во коефициентите за пресметка на платите се замрзнуваат.
✅️ Нема да има исплата на 13та плата во сите органи на државната управа и средствата ќе се пренасочат за развојни проекти.
✅️ Започнува исплатата на К15 за сите вработени во целата администрација.

Македонија ќе биде пристојно место за живеење”, објави премиерот.