Мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека сите функционери ги очекува пеколно темпо и сите ќе бидат под мониторинг затоа што се работи за нашиот образ.
Мицкоски најавува дека нема да толерира неморал.
,,Работата на сите предложени кандидати за јавни функции ќе биде предмет на постојана ревизија и евалуација и ќе има место само за тие со јасна волја, кои се посветени на државата и народот и кон исполнување на програмата, и кои ќе бидат блиски до народот и ќе имаат јасен, морален и професионален компас.
Накусо оние кои ќе бидат луѓе. Јас разбирам дека грешки се возможни, но грешки кои ќе се исправаат затоа што динамиката која ја планирам е пеколна, темпото ќе биде силно затоа што народот очекува од нас резултати, одговорноста која ја имаме е огромна.
Се работи за нашиот образ. И за нашата чест. Неморал и потфрлања нема да толерирам.
Кој нема да може да се носи со тоа не е погрешно ниту грев да каже, или заедно да утврдиме, и да ја промени позицијата или да биде реконструиран од постојната.
Ова важи за сите функционери кои ќе бидат именувани од нашата коалиција без разлика од која партија доаѓаат”, истакна Мицкоски пред да биде изгласан за премиер.






