Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина (БиХ), Борјана Кришто при што изрази искрено сочувство во име на македонската Влада за жртвите и настраданите од невремето во БИХ.
-Понудив помош и отворена понуда за работите за кои може Македонија да помогне низ европскиот механизам за помош при непогоди. Солидарноста е важна работа, напиша Мицкоски.





