На вториот ден од посетата на македонска владина делегација во Будимпешта, премиерот Христијан Мицкоски имаше средба со неговиот домаќин, унгарскиот премиер Виктор Орбан.
По тет-а-тет средбата на премиерите, се одржува заедничка пленарна седница на двете влади.
Согласно агендата, двајцата лидери по средбите ќе имаат заедничка прес-конференција на која се очекува да бидат изнесени и детали од разговорите меѓу двете страни.
Владиниот самит започна вчера со средбата на министрите за надворешна политика и трговија Тимчо Муцунски и Петер Сијарто.






