Мицкоски се сретнал со еден од најблиските соработници на Трамп

За време на престојот на премиерот Мицкоски во Вашингтон при инаугурацијата на претседателот Трамп тој се сретнал со еден од најблиските соработници на старо новиот американски претседател.



,,На свеченоста “Гласови на слободата“ организирана од компаниите ,,Трамп Медиа” и Рамбл, која се одржа по инаугурацијата, остварив средба со Ден Бонџино, еден од најблиските соработници на Претседателот Трамп и најпознат политички десничарски коментатор.

Разговор во кој зборувавме за Македонија, нашите предизвици но и можности. Нашите аргументи и позиции се јасни и нашето стратешко партнерство со САД и администрацијата на Претседателот Трамп се силни. Се бориме дома за повисоки плати, пензии, нова инфраструктура, подобро здравство, поконкурентно образование, брзорастечка економија итн…, но се бориме и во Брисел, Берлин, Париз, Лондон, Вашингтон итн…, нашиот глас е се посилен”, објави Мицкоски денеска.