Премиерот на Македонија Христијан Мицкоски во интервју за Радио и телевизија Косово зборуваше за челниците на ДУИ. Тој кажа дека на секаков начин поттикнуваат други теми, за да го свртат вниманието на јавноста од нивниот криминал.
„Оние кои купуваа трговски центри, што имаат милиони евра во возен парк и оние, кои не знаат што да прават со парите, сега се вознемирени: не знаат како да го заштитат капиталот, а правдата е спора и се доближува до нив. Сега се прават маченици, за да речат кога ќе им тропне полицијата дека ги апси, поради јазикот, а украле десеттици милиони евра!“ – нагласи Мицкоски во интервјуто за Радио и телевизија Косово. рече Мицкоски, пренесува ТВ21.





