Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати апел до албанската опозициска коалиција за соработка.



„Сакаме да коалицираме со вас, но и да се почитуваме како пријатели и сограѓани. И Македонците, Албанците и сите останати ги имаат истите проблеми и предизвици. Дури и вашите синови и ќерки се селат.

Заедно да работиме за системска држава, каде што сите ќе имаат исти привилегии и одговорности“, рече Мицкоски.