Мицкоски: Пак ќе помогнеме ако ЈСП не обезбеди гориво, но до кога?

Владата нема немо да набљудува доколку пропадне тендерот за набавка на нафта за ЈСП и дека повторно ќе интервенира, но дека тоа не може да оди во недоглед, изјави премиерот Христијан Мицкоски.



„ Како Влада сигруно нема да седиме немо и да набљудуваме, но да дадеме шанса и да видиме денес-утре да не има некоја повторна набавка да не се предомислат некои од економските оператори. Ако не, ние ќе мораме повторно како Влада да помогнеме, со одредена позајмица да интервенираме за Јавното сообраќајно претпријатие, но тогаш се поставува прашањето до кога вака“ вели премиерот.

Според него, „треба да се поведе сметка околку процесот на децентралзиација затоа што ако некој не може тоа да го прави, тогаш да интервенираме законски, барем да ги преземеме интегернциите и да ја стабилизараме состојбата“, рече Мицкоски по прес-конференцијата во Владата.

Резервите на нафта што Владата ги отстапи од државните резерви за ден–два ќе се потрошат, а во меѓувреме беше распишан нов тендер за набавка на нафта за ЈСП.