Мицкоски: Очекуваме да се случува рекордна борба и безусловна борба со криминалот

Очекуваме да се случува рекордна борба и безусловна борба со криминалот, којшто за жал се случувал во минатото многу. Преку таа борба и резултатите со таа борба, ние очекуваме поголеми приливи во самиот буџет, порача премиерот Христијан Мицкоски.



„Преку тие приливи во буџетот, ќе можеме да одвоиме повеќе средства за капитални инвестиции и за сите реформи што ги планираме да ги работиме. Нема повеќе да биде по принципот како досега, самите бројки тоа го кажуваат.

Царинската управа е значаен сегмент и многу важен столб за стабилноста и борбата против криминалот, корупцијата и недозволената трговија. И затоа, ќе ја имаат мојата поддршка, но очекувам исклучително сериозни резултати“, додаде Мицкоски.