Мицкоски околу најавите за дестабилизација: Владата сѐ ќе стори, за да ги заштити стабилноста на државата и институциите!

„Тие кои имаат интерес да ја дестабилизираат државата се највешти и најсилни кога има нестабилност. Демократијата подразбира стабилни институции и ќе сториме се да ги заштитиме институциите.“ – изјави денеска премиерот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на прашањето за тоа што го изнесе претходно дека има лица, кои работат на дестабилизација на државата. Ова го објави ТВ Алсат.



ТВ Алсат пишува: „Сите што станаа од голтари милионери и владееја со Македонија изминатите седум години, сите оние, кои што дивееја по улиците и тука во главниот град и ширум целата држава, имаат интерес да ја дестабилизираат. затоа што тие се највешти и најсилни кога има нестабилност. Но, ние како држава и како Влада ќе се бориме за стабилна држава и стабилни институции, затоа што демократијата подразбира стабилни институции и ние се ќе сториме да ги заштитиме институциите.“ – рече Мицкоски по посетата на ЈП за државни патишта.

Премиерот дополни дека законот мора да важи секаде и за секого. „Тука работиме заедно со нашите партнери и јас сум благодарен за тоа. „За мене е родољуб, секој кој работи во насока на силни и стабилни институции. Човек, кој си ја сака државата за мене е човек, кој го охрабрувам и секогаш ќе го поддржувам.“ – нагласи премиерот Мицкоски.

Претходно тој изјави дека имаат индиции за лица, кои располагаат со милионски суми, а дел од нив биле високи функционери во поранешни влади, кои се обидуваат да мобилизираат луѓе на терен, со цел да се дестабилизира меѓуетничката хармонија во земјава.