Како реторика и предизборен фолклор, ги оцени Лидерот на СДСМ најавите дека за формирање на идната влада партиите на етничките Албанци ќе ги наметнат уставните избори како услов за формирање влада. „
На 8 мај сите заеднички ќе видиме кои се условите кои понатаму ќе бидат диктирани од политичките чинители“, рече Мицкоски на ТВ дуелолт со лидерот на СДСМ во „Само вистина“ на Канал 5..
„Сите добро знаат дека ниту јас, ниту ВМРО-ДПМНЕ прифаќаат какви било диктати. Може да се обединиме околу платформа која значи реформи и трансформација на Македонија“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за можноста опозициските партии на Албанците да ги постават уставните измени како услов за да бидат дел од влада со неговата партија
Мицкоски изрази уверување дека по парламентарните избори партијата Беса на Билал Касами, исто како и Алтернатива на Африм Гаши, Алијанса на Албанците на Арбен Таравари, како и движењето на Изет Меџити ќе бидат заедно со ВМРО-ДПМНЕ, со огромно мнозинство, во идната реформска и проевропска влада која ќе ја води Македонија од 2024 до 2028 година.
„Сите добро знаат дека ниту јас, ниту ВМРО-ДПМНЕ прифаќаат какви било диктати. Може да се обединиме околу платформа која значи реформи и трансформација на Македонија“, рече Мицкоски на прашањето на новинарот околу евентуалното поставувае барање уставнитѕе измени да бидат услов за формирање влада.






