„Зошто да не. Апсолутно би преземал чекори, да разговарам и аргументирам“, одговори премиерот Христијан Мицкоски на прашањето дали би иницирал средба со новиот бугарски премиер Росен Жељазков.
„Не гледам ништо лошо во разговор. Нашите ставови и позиции се непроменети, да видиме дали може да имаме заеднички јазик. Да видиме дали може да седнеме сите заедно да разговараме. Со билатерални прашања не можеме да браниме европски вредности. Ние ги браниме, наспроти оние кои ги злоупторебуваат своите позиции во рамки на ЕУ. Немам против со секого да разговарам, било каде, било кога, колку што е потребно, да го одблокираме процесот кој е блокиран повеќе од 2 децении“, рече премиерот Мицкоски.
За посетата на САД рече дека е многу сум задоволен.
„Очекувам резулатите да бидат видливи наскоро. Домашната задача и домашната борба ќе ја водиме, за вакви проекти, подобра инфраструктура, здравство, образование, тоа се работи кои дома ќе ги решаваме и таа битка ќе ја водиме. Но мора да победуваме во светските метрополи, да бидеме погласни, да презентираме аргументи за македонското прашање за сите предизвици кои се пред нас и оние позади нас. Инстант резултати нема, но тоа што го правиме, е во интерес на Македонија“, порача Мицкоски.
Во врска со средбите, рече дека имале големо значење бидејќи се работело за луѓе кои имаат голема улога во администрацијата на САД.
„Имавме средби кои се визибилни, објавени, но имавме и средби со личности кои ќе имаат исклучително високи улоги во администрацијата на Трамп и секој оној кој ќе се бори и избори за внимание на оптиката на Трамп, ќе влезе во таа оптика. Ние сакавме да се бориме, затоа отидовме, да се покажеме, кои сме, кои се нашите интереси. Нема втора шанса за прв впечаток. Направивме историски средби и историска посета. Сигурен сум дека како ржава Македонија влезе во оптиката на луѓето кои се најгласни во периметарот на Трамп. Убеден сум дека Македонија сега е во оптиката на администрацијата – и на политички и на економски план“, порача Мицкоски.





