Одговарајќи на пратеничко прашање дали Владата ќе го ќе го врати работењето во недела, премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека или сите економски оператори ќе работат во недела, но со двојна или тројна дневница за работниците за тој ден или никој да не работи.
Премиерот потсети дека „и сега е недела работен ден, но, само за одредени економски оператори…
Значи, и сега има економски оператори што работат во недела. Моето лично мислење е или никој да не работи во недела, вклучително и тие што сега работат, или, пак, тие што сакаат да работат да им даваат двојна дневница на работниците“, рече Мицкоски.
Тој најави дека аа ова ќе се разговара на следната седница на Економско социјалниот совет и дека ќе се разговара и со синдикатите и нема да направиме ништо со сила.
„Генерално, има две решенија: Ќе повторам – или никој да не работи во недела или ако некој плати дупла дневница, да може да работи. Затоа што, има производни процеси што не трпат импровизација, не можат да го стопираат прозводството. Ќе имаме состанок со Економско-социјалниот совет и заедно ќе разговараме со работавачите и работниците. Мое лично мислење е да се добие повисока дневница и да се работи во недела“,рече Мицкоски.






