Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот Тимчо Муцунски остварија средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.

“Се заблагодарив на г. Памер за поддршката која Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите. Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувани во наредниот период. Воедно беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот кои ќе бидат високо на агендата на идната влада” напиша лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.





