Мицкоски најави дека многу скоро ќе биде објавена ,,Невистината за Македонија” (ВИДЕО)

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на пратенички прашања во Собранието најави дека пратениците и јавноста многу скоро ќе ја видат ,,Невистината за Македонија” односно лагите на оние што пред 7 години ја промовираа ,,Вистината за Македонија” и објавуваат ,,бомби”.



Мицкоски во Собранието рече дека дури и во фашистички режими не се случувало прислушување на лидери на опозиција како што тоа се случувало во Македонија.

Тој верува дека последното раководство на СДСМ не било свесно што се правело на ова поле во Македонија.

Изјавата во видеото од линкот

https://x.com/MKDProLet/status/1862167758386970684?t=enk0XuZUvTVa0_F7ajeofg&s=19