Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа се слушнал со кандидатот за претседател на албанската опозиција Арбен Таравари, кому му честитал на резултатот како и успешни парламентарни избори и „идна влада во Македонија“.
„Македонија ќе ги мобилизира сите капацитети најквалитетните Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци. Ова е ваша земја, заедничка земја време е да си ја вратите во ваши раце и да испишеме заедно една нова историја со која сите заедно ќе се гордееме.
Во вториот круг да не дозволиме ДУИ да успее во намерите да направи нешто кое што никој од нас не го сака, а тоа е, направи добар резултат. Затоа, ве повикувам излезете и заедно, сите ние да гласаме за Македонија да биде повторно горда и да биде Македонија повторно твоја, да биде Македонија повторно ваша“, рече Мицкоски.
Тој повикува на целосно народно и седржавно обединување против оваа власт.
Груви ќе бара оставка од лидерите на ВРЕДИ
„Ве повикувам, овде имаме работа поважна од секоја партија, поединечниот став или интерес, за Македонија се работи, сега е моментот, ова е тоа време да се обединиме под едно знаме и под една цел. Македонија ќе биде повторно твоја, наша заедничка единствена…“
На новинарско прашање тој кажа дека со Таравари не разговарал за конкретни детали, тоа рече ќе следи во наредните денови.
„Во деновите кои што следат и за тоа ќе разговараме. Сакав да му изразам поддршка на Таравари и на оние кои се обединија против лошите политики на СДСМ и ДУИ, а се дел од албанската опозиција. Ние како ВМРО-ДПМНЕ кои се спротивни на овие политики сме тука и сме подготвени да разговараме за иднината на Македонија“, рече Мицкоски на прес-конференција од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.






