Власта подготвува сценарија за изигрување на изборната волја на народот, предупреди синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од предизборниот митинг на партијата во скопска Гази Баба говорејќи за претстојните претседателски и парламентари избори.
„Иако народот е определен и е јасно дека власта ја чека пораз, сакам да предупредувам дека знаеме со кого си имаме работа. И забрзано овие денови спремаат повеќе сценарија со кои сакаат да ја изиграат волјата на народот и да го ублажат поразот“, рече Мицкоски.
Ковачевски „веројатно поучен од некои ментори со искуство внатре во партијата, игра „опасна игра“, рече Мицкоски..
„Тој на ДУИ им нуди многу повеќе ресори, министерства и претпријатија отколку што самата ДУИ може да замисли.
И ова го прави со една единствена цел, моли, коленичи, измеќари заедно со Стево Пендаровски за да добијат поддршка за вториот кург претседателски избори“, рече Мицкоски.
Тој уште рече дека завера е дополнета „со намерата да уфрлат луѓе за потплата на гласови и да вршат притисоци за гласање“, а не исклучува и колективно гласање и брзо гласање во некои делови од државата како што имало во минатото.
Мицкоски верува дека МВР сериозно ќе постапи, но вели најефикасен одговор на ова е да се излезе на гласање.






