„Македонија ја очекуваат години на реформи, развој, владеење на право, години на бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата. Оние егзибиционисти, кои се во отсуство на идеја, понижуваат и омаловажуваат, а истите тие имаа можност да застанат позади нашата политика, онаа за која ја гласаа половина милион наши граѓани, Македонци, Турци, Албанци, Роми, од различни етнички припадности во Македонија.“ – објави на својот фејсбук-профил Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО ДПМНЕ и иден мандатар на Владата, по денешната прва, конститутивна седница на Собранието на Македонија.
Home Македонија Мицкоски: Македонија ја очекуваат години на реформи, владеење на правото и бескомпромисна...





