Мицкоски ѝ честитал на Шеќеринска за функцијата заменик-генерален секретар на НАТО

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека и’ се јавил на Радмила Шекеринска  и ѝ го честитал именувањето за заменик генерален-секретар на НАТО. Честитката е силен удар и народски кажан „тонч“ за опозициските, проСДСМ медиуми кои веќе втор ден со патетични објави го прозиваа премиерот и ламентираа зошто тој не ѝ честитал на Шеќеринска.



„Не е тајна дека во минатото сме имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките, идеолошки разлики – и тоа не треба да го криеме, бидејќи доаѓаме од различни политички семејства и опции. Но, како влада имавме предизвик  за одлуката кого и како да го поддржиме  за заменик генерален секретар на НАТО, бидејќи имаше кандидати од неколку земји. Ние немавме никаква дилема тука, бидејќи честопати повикуваме на единство и на дијалог со опозицијата, но ако тоа не го правиме на дело а повикуваме, тогаш тоа е лицемерие.

Затоа ние како влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници. За нас националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест. И тука немавме дилема, и добро е што успешно се заврши“,  рече Мицкоски.

Потоа тој соопшти дека уште вчера и се јавил по телефон на Шекеринска и разговарал, со порака дека нема дилема дека треба да соработуваат и заедно да направат се што можат да и помогнат на македонската армија, а со тоа и за безбедноста.