Тоа е внатрешна работа на државата, одговори премиерот Христијан Мицкоски на прашањето дали дали (не) му се налутиле евроамбасадорите за пријателството со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Зошто да ми се налутат евроамбасадорите за пријателство со премиер на држава членка на ЕУ и НАТО“, праша Мицкоски во синоќешното гостување во „Топ тема“ на “Телма“.
Премиерот рече дека како држава ќе заштедиме 120 милиони евра со заемот од Унгарија, наместо да се земеше заем од друго место, на основа на тоа што каматата од 3,25 отсто е многу пониска од каматата што би се добила од други заемодавачи.






