Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш им порача и на пензионерите дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се грижи за нив.
„Вие сте биле што сме, ќе бидеме што сте.
И вие добро знаете дека вашето достоинство го нарушува неодговорното владеење“, рече Христијан Мицкоски на синоќешниот митинг пред зградата на Владата.
„Притиснати сте со проблеми, и наместо на вашата возраст да ги минувате најубавите времиња и уживате во плодовите од вашата децениска работа, принудени сте да протестирате за правата кои ви следуваат.
Ќе ги покачиме пензиите за 5 илјади денари, но и ќе го вратиме достоинството на пензионерите. Верувајте во нас и дадете ја вашата поддршка, им вети Мицкоски на пензионерите.






