На новинарските прашања за последните случувања во ВРЕДИ и дали постои можност Арбен Таравари од Алијансата за Албанците да ја напушти Владата, премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека власта има стабилно мнозинство, а неофицијално има 2/3 од мнозинството.
„Да, слушнав за тоа што се зборува. Не сакам да коментирам. Владата има стабилно мнозинство. За разлика од онаа во минатото што функционираше на „стаклени нозе“, неофицијално имаме 2/3 од мнозинството во собранието и функционираме совршено“, рече Мицкоски кој денеска беше во посета на Тетово.
Тој рече дека со новата влада, Македонија се гради, споменувајќи неколку проекти во општините кои ги водат лидери од владејачките партии и од опозицијата.






