Мицкоски: За нечии хирови ќе враќаме 50 милиони евра

Одлуката на Уставниот суд да се поништи т.н. солидарен данок е конечна и мора да се почитува, а оти сите засегнати субјекти имаат легитимно право да си побараат надомест на име затезна камата, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски истакнувајќи дека нема да ја коментира одлуката.



„ Како и за се друго, и за ова ќе најдеме решение. Сигурен сум дека на крајот на денот заедно ќе го премостиме и овој проблем, како и стотиците други кои ги поминавме минатите месеци, рече тој, истакнувајќи дека се разгледува и можноста да се побара и одговорност за настанатата ситуација“, рече премиерот..ж

Вели дека за ова предупредувал:

„Уште тогаш на состаноците со претставниците на меѓународни финансиски институции лично име велев дека некој ден некој ќе мора да го врати тоа дивеење. И сега наместо нови 50 милиони за нешто друго, ние ќе мора да враќаме хирови на нечии грешки од минатото“, рече премиерот, пренесе Сител.

Уставниот суд вчера донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок, така што државата на 156 компании ќе треба да им врати средства во износ од речиси 50 милиони евра.

Данокот на солидарност беше воведен во 2023 година како еднократна, вонредна јавна давачка. Со оданочувањето беа опфатени компании кои во 2022 година оствариле вкупен приход поголем од 615 милиони денари. а со цел да се соберат средства за ублажување на последиците од кризата и да се придонесе за јавните расходи на солидарен начин.