Мицкоски: За името треба да има референдум

Новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ во денешното интервју за МРТ вели дека неговата партија не е запознаена со процесот што се води со Грција околу промена на уставното име на Република Македонија, дека немаат информации и одби да коментира можни предлози за името.



Треба да се почека официјалниот предлог за можното идно име, рече Христијан Мицкоски според кој „на крајот мора да има референдум“.

Тој рече дека е потребно достоинствено решение, а тој лично и партијата е против промена на Уставот која што ќе значи промена на уставното име.

Сепак, нагласи дека тој е за тоа што поскоро да се реши проблемот кој, како што вели, нашиот јужен сосед го има со нашето име.