Мицкоски е на вистинското место, Сиљановска Давкова за патувањето на премиерот каде што се највлијателните

Шефот на Владата е на вистинското место – онаму каде што се лобира за поголема поддршка, онаму каде што е најголемото влијание на светските политички елити, вака претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја поздрави посетата на премиерот Христијан Микцоски на Вашингтон бидејќи делегацијата остварува средби со клучни актери и фактори во креирањето на американската политика.



Тоа е политички одговор на огромните трансформации бурни во кои влезе светот. Се разбира, зошто во САД, јасно е, не затоа што амбасадорката на САД со право вели дека тоа е вистински чекор туку затоа што сите што знаеме политика, знаеме дека САД се засновани на системот на лобирање. Лоби групите имаат најголемо влијание врз креирањето на политиката. Ретко сме имале прилика еве и ние да познаваме клучни актери и фактори во креирањето на американската политика. Веројатно, тогаш, тоа место е добро место за креирање стратегија и јас ја поздравувам таа активност, значи на вистинското место се, рече претседателката.

Честите патувања во САД на македонската делегација предводена од Мицкоски според Сиљановска Давкова влеваат надеж дека земјава ќе има поголема поддршка и на патот кон Европската Унија. Во врска со блокадата од Бугарија, претседателката им порача на Европејците да спречат билатерализација на процесот и да се насочат кон европските вредности и копенхашките критериуми.

Почитувањето на идентитетот, национален, културен и така натаму. Да ни овозможат да докажеме дека копенхашките критериуми не ги разбираме како Хамлет по Балканот како да лута, туку сакаме да ги спроведеме. Така ние ќе станеме поблиску. Да се дебилатерализира проширувањето, бидејќи особено сега на Европа и треба единство. Никогаш поголема не била потребна идентификацијата на Европа со ЕУ. Не треба да докажуваме, ние секогаш историски, културно, географски сме биле дел до Европа, рече претседателката.

Претседателот на МАНУ Живко Попов гледа со оптимизам на владината стратегија за уставни измени со одложено дејство како инструмент за надминување на спорот со Бугарија,.

Тоа е многу интелигентна идеја. Ќе почне да важат кога ќе влеземе во ЕУ. Барањето сепак ќе биде исполнето, кога ќе биде исполнета нашата цел, рече Попов.

На средбата во МАНУ, Попов и Сиљановска Давкова разговарале за сите активности кои ги презема Академијата, потребата од стратешки пристап кон предизвиците со кои се соочува Македонија и поголема соработка помеѓу академиците и државниот врв, со цел, напредок на земјава во сите клучни области.