Мицкоски до Таравари: Имаш две опции

„…По мене има две опции за избор, едната опција е оваа која ја нуди оваа Влада на реформи, на промени, на испорака за граѓаните.



Втората опција е онаа опција која години наназад, би рекол повеќе од две децении, ја криминализираше државата, ги уништуваше институциите и практично ја клекна државата и граѓаните.

Премиерот порача дека Владата е стабилна, дури и ако Таравари со Алијанса за Албанците одлучи да коалицира со ДУИ на локалните избори.

Тоа е изборот, нема трета опција, рече Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање за денешнаа средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и Арбен Таравари ќе се одржи денеска во 17 часот во Владата.

Зе нешната најавена средба премиерот вели дека ќе се поразговара околу актуелните политички случувања.

„Што се однесува до тековните негови активности, како член на Владата, ние речиси секојдневно комуницираме. Тоа е неизбежен дел. Но генерално би сакал да слушнам како размислува во делот на последните случувања кои се познати во јавноста.

По мене има две опции за избор, едната опција е оваа која ја нуди оваа Влада на реформи, на промени, на испорака за граѓаните. Втората опција е онаа опција која години наназад, би рекол повеќе од две децении, ја криминализираше државата, ги уништуваше институциите и практично ја клекна државата и граѓаните.

Тоа е изборот, нема трета опција, рече Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање.