Ова му го порача премиерот Христијан Мицкоски на лидерот на ДУИ, Али Ахмети со совет „… реформирај ја партијата и исчисти ги криминалците од своите редови…“.
Мицкоски побара од Ахмети да покаже визионерство преку проекти и идеи, како и да покаже дека ја почитува Македонија.
„Реформирано ДУИ е важно за татковината. Исчисти ги криминалците од твоите редови, ќе ти помогнеме и ние во тоа. Ова е наша заедничка татковина. Дали гледаш колку Албанци дневно се иселуваат?
Куќите во твојот Зајас зеат празни, за 20 години повеќе од 100 000 Албанци се иселија од државата. Чија одговорност е тоа? Немам време за јавни надмудрувања, да си дофрлуваме и да подгреваме тензии. З
нам дека ти одговара да влегуваш во конфликти со мене и со ВМРО-ДПМНЕ, но тоа е дневна, теснопартиска политика. Надмини го тоа, придонесете со предлози и проекти. Јас ви ветувам, ќе прифатиме се што ќе значи прогрес и развој на земјата. Не е добро секогаш кога сте опозиција да почнувате етнички теми, а кога сте на власт да станувате зелена партија“, порача Мицкоски.
Премиерот вчера од Охрид упати порака и до останатата опозиција заедно да се надминат поделбите и наместо дополнително да се дели народот, да се обединат преку дебата за идеи и проекти.






