Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува денес на претставувањето на традиционалната македонска храна и на можностите и убавините на македонскиот селски туризам, кое под мотото „Од нива до трпеза – сè од нашата општина“ ќе се одржи со почеток во 11 часот во паркот „Авионче“ во општина Аеродром. Овој настан го организира здружението „Наша традиција, наша иднина“ со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. На настанот ќе се обрати и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.
„Од нива до трпеза – сè од нашата општина“ ќе продолжи и утре, на 15 јуни 2025 година. Овој настан е дел од постојаните активности на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заради поддршка и претставување на добрите земјоделски производи. Настанот има за цел директно поврзување на земјоделските производители со граѓаните, претставување на добрата храна, произведена на македонска почва, како и поддршка на развојот на селските средини и селскиот туризам.
„Граѓаните ќе имаат можност да вкусат добри домашни производи од сите региони на Македонија, да уживаат во богата музичка програма и да се запознаат со занаетчиски производи. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги поканува сите граѓани да бидат дел од овој значаен настан. Заедно да градиме подобра иднина за нашето земјоделство!“ – порача ресорното министерство.






