Мицкоски: Да си го гледаме нашиот интерес и да не влегуваме во замката на реториката на Бугарија

Премиерот Христијан Мицкоски ги коментираше изјавите на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов кој побара оставка од Александар Николоски по изјавата дека бугарските политичари се корумпирани.



„Ќе треба да си го гледаме нашиот интерес, да не влегуваме во замката на реториката во нивната предизборна кампања. Жалам што во отсуство на сериозна визија, главна тема во Бугарија е Македонија, но тоа е нивен избор. Јас им посакувам да изберат стабилна политичка влада, со која ние ќе можеме да градиме вистински добрососедски односи“, рече Мицкоски.