-Дваесет и три години од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак.
Да се потсетиме за луѓето кои без задршка се дадоа за Македонија! Нема да се заборават, напиша Премиерот Мицкоски.
На 8 август 2001 година армискиот конвој на патот Скопје-Тетово, кај месноста Карпалак беше пресретнат во заседа кога загинаа десетте прилепчани: Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.
Чествувањата почнаа синоќа со почит пред спомен обележјето и пораката „Никогаш да не се повтори“, во прилепската касарна „Мирче Ацев“.





