Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицкоски, е цел на критика на грчките медиуми дека инсистира да се користи терминот „Македонија“ наместо уставното име на земјата.
„Ако Грција верува дека го прекршивме Договорот од Преспа, нека се жали до Меѓународниот суд на правдата; Не очекуваме односите меѓу двете земји да се засноваат на покажување моќ; Очекуваме добри и одлични меѓусоседски односи“, ги наведува Катимерини пораките од вчерашната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Катимерини пишпува дека Мицкоски оди по чекорите на новата претседателка, Гордана Сиљановска, и дека тој го пофалил нејзиниот став како „достоинствен“ во нарекувањето на нивната земја како „Македонија“.
Мицковски, исто така, ги повика грчките компании да инвестираат во Македонија, нагласувајќи ја меѓусебната соработка. Тој ги охрабри македонските компании да инвестираат во Грција, промовирајќи ги билатералните економски врски, објави Катимерини.






