Мицкоски: Голема победа за македонскиот народ и за граѓаните на Македонија!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и на македонската опозиција Христијан Мицкоски е задоволен од убедливиот триумф на кандидатката на неговата партија Гордана Силјановска-Давкова во првиот круг од претседателските избори, но предупредува дека работата не е завршена.



„Голема победа за македонскиот народ и за граѓаните на Македонија! Разликата ќе биде околу 170 илјади гласови и ова е најдобриот резултат што ВМРО-ДПМНЕ го имал од позиција на опозиција. Над 600 илјади луѓе гласаа против власта. Ова е победа на народот. Цунамито се крена и им виси над глава, а на 8 мај ќе ги потопи целосно. Имаме обврска да им ги урнеме сите идеи за нови предавства. Ова е револуција на народот во Македонија, но работата не е завршена, а власта не е ни малку наивна. Првиот круг е жолтиот картон, црвениот мора да следува на 8 мај, кога е потребна убедлива победа над криминалната и корумпирана власт“, им порача Мицкоски на еуфоричните сопартијци и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ пред седиштето на партијата.