Мицкоски ги пречека младите спортски херои

Премиерот Христијан Мицкоски ги пречека младите спортски херои од Македонската Кик Бокс Маи Таи Федерација, кои освоија 2 златни и 1 сребрен медал на Светското јуниорско ВАКО првенство што се одржа во Унгарија од 24 до 31 август 2024 година.



“Нивната посветеност, напор и борбен дух се инспирација за сите нас и покажуваат дека соништата можат да се остварат со многу труд и желба. Сите заедно сме горди на вас и ви посакуваме уште многу победи и успеси на светската сцена! Македонија е со вас, момци и девојки” напиша Мицкоски.