Од денешна перспектива звучат пророчки зборовите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој во интервју на ТВ 21 пред осум месеци прогнозираше водство на кандидатот на македонската опозиција од 100-150 илјади гласови по првиот круг од претседателските избори.
„Еве, запишете ја прогнозата дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на заедничкиот кандидат на СДСМ и ДУИ по првиот круг ќе води со разлика меѓу 100 илјади и 150 илјади гласови. Еве, запишете го ова што го кажувам“, му рече Мицкоски на водителот Љубиша Цветкоски во емисијата „Клик плус“.






