Мицкоски во посета на Стопанската комора на Дубаи

Премиерот Христијан Мицкоски за време на престојот во ОАЕ, ја посети и Стопанската комора на Дубаи, каде што оствари средба со претседателот и дел од раководниот тим. Како што информираше премиерот се разговарало за конкретни иницијативи кои можат да придонесат за зајакнување на економските врски, особено во делот на трговијата, инвестициите и технолошкиот развој. – Имавме можност да размениме идеи за поддршка на претприемништвото и промоција на деловните потенцијали кои ги нудат нашите земји. Средбата остави простор за натамошна соработка и нови заеднички чекори, напиша Мицкоски.