Мицкоски во вторник во Брисел: Повеќе отстапки немаме намера да правиме

Ако сакаат отстапки нека си најдат друга Владa. Премиерот Христијан Мицкоски им порача на европските челници дека тој не е вистинскиот соговорник ако сакаат некој што ќе прифаќа ултиматуми, како што тоа го правеа неговите претходници.



Од самитот ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржува следната недела во Брисел Мицкоски очекува дека ќе бидат разбрани неговите пораки и заложбите на Владата за европската иднина на земјава, реформирањето и европеизирањето на институциите. Тој таму ќе ги брани предлозите на неговата влада за откочување на процесот преку уставни измени со одложено дејство.

Во вторник одам во Брисел. Пораките од таму не би рекол дека се јасни но нашата порака е јасна. Доволно направивме како ниту една држава во ЕУ. Прашањето е дали ако еднаш направите преседан дали тоа станува пракса. Гледаме дека таму станува пракса. Ние имаме целосно усогласена надворешна политика со ЕУ. Тоа го кажа и Муцунски. Реформите ги правиме согласно мониторингот на ЕК. Ние не сме под опасност ние сме под чадорот на ЕУ. Но бидејќи има политичари кои не се во 21 век ние нема веќе да правиме отстапки. Не е аргументот тоа е тоа знает е 27 членки консезус. Тоа ја води ЕУ таму каде што не треба. Ултиматуми не треба. Да го прододлжиме патот. Подготвени сме во секое време да одговориме позитивно на барање за некое решение прифатливо. Ние како држава но и Балканот за жал не сме во фокусот на оваа администрација на Брисел, рече премиерот Мицкоски.

Според ставот на Владата, заврши времето кога Македонија прифаќаше секакви уцени од земјите членки а ЕУ стоеше на страна и само не тапкаше по рано. И покрај сите болни отстапки, далеку сме од исполнување на европскиот сон кој е стратешка цел на земјава бидејќи поради нестандардни услови за пристапување, Македонија е жртва на билатерални спорови.