Премиерот на Македонија вели дека без оглед на неговото лично убедување за новото уставно име на државата, Договорот од Преспа се почитува, но дека другата страна не го почитува истиот.



„Не се согласувам со вашата констатација дека не го почитувам Договорот од Преспа. Не сум задоволен од тој договор, знаете како помина тој договор во Собрание, кога пратениците се влечеа за уши, а однапред беа затворани и и уценети“, рече Мицкоски во интервју за Ал Џезира.

„И самиот кажав пред четири години дека овој договор е реалност и покрај тоа што претрпев големи политички напади од екстремната десница или левица, како сакате во Македонија. Така што јас почитувам се што е содржано во договорот, целата официјална, формална, институционална комуникација е апсолутно со додатокот“, изјави премиерот за Ал Џезира.

„Вистинското прашање е зошто другата страна не го почитува Договорот од Преспа и што е направено од другата страна која е дел од Договорот од Преспа, тука мислам на нашиот јужен сосед Република Грција.

Почитувањето е двонасочна улица, треба така да се однесуваме, да не имаме двојни стандарди, да имаме односи на принципи, јассум човек со принципи и вака ќе продолжам да се однесувам во живототот, без разлика дали тоа некому му се допаѓа или не“, рече тој.

Премиерот Мицкоски истакна дека доколку добро се анализира Договорот од Преспа, ќе се забележи дека македонската страна направила многу повеќе од она што е содржано во договорот, потенцирајќи дека на однесувањето на Грција му недостига зрелост бидејќи, освен декларативното, не обезбеди суштинска поддршка за интеграција на Македонија во евроатлантските институции.

„Повторувам дека вистинското прашање е што направи нашиот јужен сосед. Ја спомнавте поддршката од Грција за интеграција на Македонија во евроатлантските институции“./

Премиерот вели дека освен декларативна, ниту видел суштинска поддршка, ниту пак граѓаните кај нас почувствувале нешто такво, а да не зборуваме за навредливата реторика кон „Скопјанос или за нератификувањето на меморандуми во грчкиот парламент во последните пет години.

Премиерот Мицкоски потсети дека во изминатите седум години граѓаните биле жртви на покорно однесување на претходната власт, која, како што рече, не направила ништо добро за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Премиерот Мицкоски рече дека оваа влада нема да витка кичма, нема да дозволи понижување, туку ќе гради принципиелни односи засновани на двонасочни патишта, добрососедски односи, мостови и решенија за внатрешните проблеми, „бидејќи тоа е она што граѓаните очекуваат од оваа Влада“.