Мицкоски: Би било предавство да кажам дека македонското прашање е решено

Запрашан за неговата изјава дека за македонското прашање се уште се води битка бидејќи ова прашање се уште не е решено, што официјална Атина го оцени како провокација, премиерот Христијан Мицкоски изрази изненадување бидејќи, како што вели, никој не бил спомнат во неговата изјава.



„Мојата цел и порака беа јасни. Како премиер, би било неодговорно и предавство на македонскиот народ да се каже дека македонското прашање заврши во услови кога ние не сме дел од европското семејство, а патот сме го започнале пред многу земји“, рече Мицкоски, пренесе Телеграфи

Според него, билатералните прашања не можат да бидат критериуми и услови.

Грчко МНР по изјавата на Мицкоски за нерешеното македонско прашање: Ова е провокација