На новинарско прашање дали Владата има соработка со албанската Влада по информациите дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби се наоѓа на „албанска територија“, премиерот Христијан Мицкоски со одговор:
„Не би сакал да шпекулирам. Но, ги повикувам сите оние бегалци од правдата, да дојдат и да се соочат со фактите, аргументите и доказите пред органите за да можеме да извлечеме заклучок дали тие се виновни за тоа за кое што постои основано сомневање.
Не би можел да откривам било какви детали поврзани со белаците од правдата“, рече Мицкоски, пренесе МКД.Мк
Артан Груби, заедно со поранешниот директор на „Државна лотарија“ Перпарим Бајрами, се бара со меѓународна потерница во врска со злоупотребите во Државната лотарија во вредност над 8 милиони евра, а по барање на Јавното обвинителство, им е определен притвор во траење од 30 дена.
Груби беше ставен и на црната листа на Стејт департментот на Соединетите американски држави на 9 декември заедно со судијата на Апелацискиот суд Енвер Беџети поради нивна вмешаност во значителна корупција.
Васко Ковачевски во друштво на Груби и Бајрами – распишана меѓународна потерница и по него






