„Џабе ви се сите овие пискотници и плачипи*карски муабети, национализам било, режим ќе се врател, народот е крив, олигарсите биле десница и остали приказни и успаванки за вашата клиентела“, реагира новинарот Ивор Мицковски на понизните пораки кои доаѓаат од една досегашна владејачка партија која тврди дека „имале грешки“ и дека ја „примиле пораката од народот“ барајќи уште една шанса на 8 мај.



Нешковска: Наши сопартијци го напуштаат СДСМ…

„Имавте златна, историска шанса да исправите работа, да понудите алтернатива, да поставите правна држава и да потепате криминал и корупција.

Не бе брате, вие дамбетер, вашите газови само и препиши ја режимската матрица низ лажна прогресивна обланда.

Едноставно, вистинските промени ниту ви беа важни, ниту имавте капацитет да ги спроведете.

Никој не сака мивки, лажни демократи и квази-европејци, просто кажано, никој не ве есапи и од тоа нема бегање.

Откажете се од самозалажувачкиот наратив и оваа пасив-агресив хистерија“, порачува Мицковски.