Новинарот Ивор Мицковски реагира на изјавата на екс-министерот за здравство Венко Филипче дека се враќа во политиката како пратеник на СДСМ за да можел да им помогне на многу повеќе пациенти и колеги.
„Какви глупости, само доктор во политика може вака да тропа и да мисли дека некој му верува“, реагира Мицковски и додава:
„Се враќа за кланот на Заев и понатаму да оддржува влијание над СДСМ или комплет пак да ја преземе ко свое дуќанче, за дилови, срања, бизниси и амнестии.
Видовме ние колку ви беше света политичката мисија и колку си помогнавте само на себе.
А, коа поубаво ќе размисли чоек, сега кога ќе тропнат можеби и баш доктор треба за таква пациент-партија“, вели во објава на Фејсбук Мицковски.
Екс-министерот Венко Филипче е носител на листета на СДСМ во четвртата изборна единица





