(…)
Тотална лага на СДСМ и на Филипче е кога ќе изјави дека ВМРО-ДПМНЕ сака повторна билатерализација на европските преговори и спорот со Бугарија. Таа билатерализација ја направи Владата на СДСМ.
Владата на СДСМ прифати сѐ и сешто од барањата на Бугарија преведени на европски јазик, вклучени во секој можен чекор од преговорите, без никакво наше право за заштита или некакви гаранции – пишува новинарот и поранешен функционер на СДСМ Ивор Мицковски во колумна за Дојче веле.
Мицковски вели дека СДСМ е последен што треба да зборува за катастрофи и (други-н.з.)виновници за раздвојувањето со Албанија на патот кон ЕУ.
„Криминогените СДСМ и ДУИ презедоа катастрофални обврски по националните интереси на Македонија и обврски кои не беа способни да ги изгласаат и реализираат. И сега тие ќе зборуваат – кај штетници, кај поразени од народ, кај уште памет делат. И ова е последица од нивното сервилно, брзоплето и неодговорно носење одлуки.
(…)
СДСМ стави печат, камен и светлечка реклама врз билатерализацијата и нѐ врзаа во јазол од кој денеска не можеме да се отплеткаме.
Ако се сеќавате на 5+1 точките во времето на Заев, тогашен официјален владин став во летото 2021 година беше да постои одложено дејство, нешто што и написмено ѝ беше дадено на Бугарија.
За жал, Бујар тука попушти, како што и Бујар и Ковачевски попуштија и дозволија билатералните прашања да влезат и да станат услов во нашиот пристапен процес, наместо Копенхашките критериуми.
Затоа, одговорноста за актуелните состојби не може и не е коректно да му се припишува на ВМРО-ДПМНЕ.
Јас, иако не сум експерт на темата, но сепак гледам дека ВМРО-ДПМНЕ бара алтернативно решение, според искуството со Преспанскиот договор, кога сите амандмани кои што тогаш беа усвоени влегуваа во сила само откако Грција го ратификуваше пристапниот протокол на Македонија во НАТО.
Како ќе се дојде до конечно решение или ќе се излезе од оваа несреќна дупка во која СДСМ и ДУИ нѐ втурнаа, сѐ уште е рано да се каже. Но, време е и редно е да се каже дека СДСМ нема никакво право да профитира, да политизира или да се вади на оваа тема. Денешниот пораз е дело на Владата на Ковачевски кој успеа цела Европа да ја стави на страната на Бугарија, иако до пред тоа ситуацијата беше обратна и ние уживавме целосна поддршка.
Затоа, денеска е неопходен еден проактивен и конструктивен став, како што и верувам дека на Владата ѝ е потребна помош за да се надеваме дека ќе излеземе од оваа стапица. Се надевам дека властите размислуваат да ги повикаат сите релевантни експерти, да се направи тим со сите здравомислечки луѓе, и од нас, како општество и држава да произлезат решенија.
Верувам дека со добри решенија и аргументи и малку пообединети, старо-новата и помоќна претседателка на ЕК, Урсула фон дер Лејен, особено благонаклонета кон проширувањето, ќе мора во еден момент да нѐ ислуша и да ни поверува на маките.






