Новинарот Ивор Мицковски реагира на неумесниот и дрзок напад на екс-премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, врз една национална телевизија и некои медиуми со констатација дека пласирале во јавноста она што им било сервирано од една партија…
Ова наиде на жестока реакција од МАН, ЗНМ, АВМУ и јавноста а Ковачевски вчера – се извини
„ Поранешен (окториран) премиер и аспирант(никад нема да се случи) мандатар, ги напаѓа медиумите, кажува како цвилеле и како ќе барале спас во СДСМ.
Што би рекле некои, ова ли е тој бугарски спид, на што се должат вакви небулози?!
Оваа коалиција не симна никаков режим, го продолжи и го надгради.
Оваа коалиција ги доуништи слободните медиуми со свои инсталации, со смешни “цивилки”, со сопствени скапи продукции и платени кампањи.
Сите овие години се потепаа да гостуваат по медиумите кои денес им пречат, а кои конечно имаат право на своја уредничка политика и кои впрочем, како и огромното мнозинство на народот ги гледаат и коментираат катастрофите на оваа владејачка коалиција.
Така да, кој ја смислил стратегијата да не плаши од режим со повеќе режим, јако се заебал, никој не паѓа на тие финти, а вие сте веќе минати, односно, забрзано ја преткруете вашата изборна судбина и дебакл“ – пишува новинарот.





