Новинарот Ивор Мицковски, смета дека на овие избори колку што ќе биде важно да се порази криминалната коалиција подеднакво ќе биде важно да се казнат личностите и чинителите кои не доведоа до ова дереџе.
„Оние кои ги разочараа сите ветувања и надежи на народот.
Така, Обиџуковци, Тачевци, Заевци и нивни кланови, евентуални Филипчиња, треба да не се гласаат и да се испратат во историја, за да не можат утре ни од опозиција да роварат, камоли да имаат влијание врз Скопје или врз национална политика“, ги објави Мицковски своите очекувања од изборите на Фејсбук.






