Новинарот Ивор Мицковски реагира на етничкиот состав на вработените во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците на екс министерот и прв вице-премиер Артан Груби, податоци кои ги изнесе вицепремиерот Иван Стоиљковиќ.
„Од министерството на Груби од вкупно 294 вработени само 5-мина биле Македонци, покажал увидот.
99 луѓе се декларирале како Македонци иако очигледно биле од албанска националност.
184 лица воопшто не доаѓале на работа – овие по националност биле Неработници“, напиша Мицковски на Фејсбук





