Кутар тој албанскиот фудбалер Даку од Гнилане.
Млад е и неук, не знае дека Македонија и Македонците прифатија преку 300 илјади бегалци за време на косовската криза“, реагира новинарот Ивор Мицковски на псовките кои ги упати албанскиот репрезентативец родум од Косово кој по натпреварот Хрватска-Албанија, со ништо не предизвикан, ги упати на адеса на Македонија.
„Значи дека не си ја знае историјата, ни потеклото, ни кој овде секојдневно егзистира во мултиетнички соживот и покрај трулата политика на етнички гета.
Има и 5 соиграчи со потекло од Македонија, има кој нешто да го научи.
Ама је*еш га, одбрал национализам, а не знае ни зошто“, пишува Мицковски во објава на Фејсбук.






