Новинарот Ивр Мицковсѝки реагира на изјавата на МНР Бујар Османи кажа дека „Влада со нелигитимни Албанци и Влада без Албанци е исто“, мислејќи притоа на разговорите на ВМРО-ДПМНЕ и партиите од коалицијата Вреди за формирање на идна влада, кои се во тек.



Османи, инсистирајќи дека победникк на изборите е ДУИ вели дека при состав на влада, не може да функционира моделот на ‘преферирани Албанци“, алудирајќи на противниците од ВРЕДИ.

„ДУИ е против влада со „нелигитимни Албанци“.
Најголемиот шовинист и албанофоб во Македонија е криминалната етничка партија под името ДУИ.

Замислете, имаат послаб резултат, едвај 10 пратеници, од албанската опозиција и си дозволуваат да даваат етикети и пропусници за “добар и лош” Албанец.
Сакам да верувам дека ова е последниот стадиум на распаѓање на секој националист, шовинист и опресор на сопствениот народ.

Како најчесто во историјата, откако се останато ќе истрошат и поделат, на крај почнуваат да се делат и меѓу себе.

ДУИ е ужасно штетен феномен, ќе предизвикаат не интеретнички само, туку и интраетнички тензии за свој спас.

Ваква ретроградност, вакви архајски и трибалистички нагони не и требаат на земјава“, пишпува во објава на Фејсбук новинарот Мицковски.