Новинарот Ивор Мицковски реагира на се’ погласните тврдења дека е дојден моментот за промена на државните симболи – меѓу кои и химната на Република Македонија – бидејќи, според некои, не го одрразувале мултиетничкиот карактер на државата и згора на тоа била заоставштина од – комунистичко време.
„Кога веќе немаме фестивал за Евровизија, што не си напраиме фестивал за Химна.
Секоја година различни химни, па кој победи, тоа е химната за годината.
Само да нема лажирање со телевоутингот“, пишува во циничната објава на Фејсбук, Мицковски.






