Странци му нуделе на Бујар да се кандидира за генерален секретар на НАТО.
Он ниту потврдуел – ниту демантирал, али бил у дилема.
Тоа е тој ПР ала агенда 3-6-8, ала влез у ЕУ во 2030-та, и слични измишљотини за проста раја, реагира новинарот Ивор Мицковски на информацијата дека „дипломатски извори велат дека на неколку средби му сугерирале на Османи после мандатот како Министер за надворешни работи да ја разгледа можноста да се кандидира за генерален секретар на НАТО.
„Демек, толку е баран ама ќе крварел за Македонија, или тоа што остана после нивно крадење и распарчување овие 20+ години.
Или пак да си ја појачаат смешнава кампања каде од жртви на репресија станаа поголеми Украинци од Украинците.
Знае ли некој овдека воопшто кои се вистинските кандидати за НАТО, знае ли некој каква сериозна трансформација се турка за ЕУ да стане одбрандбено понезависна, и треба ли воопшто вакви пуфки да се пуштаат за криминалци и штеточини.
Мислам ако сакаат за еден мандат да го снема НАТО, тогаш Бујар е вистинскиот човек“, вели во објава на Фејсбук Мицковски.






